Од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку писмен допис до Советот на Општина Кочани и медиумите информираат дека бараат лична оставка од советникот во Советот на Општина Кочани, Венко Крстевски поради како што велат, јасно и недвосмислено користење на говор на омраза и повик за меѓуетничко нетрпение преку фејсбук објава и коментари.
Во барањето стои:
„Почитувани,
Партијата за демократски просперитет на Ромите од самиот почеток на случувањата поврзани со Трајаново трло ги следи изјавите и коментарите на сите вклучени страни. Видовме низа изјави и коментари кои шират говор од омраза а во исто време и меѓуетничка нетрпеливост. Коментарите и изјавите на граѓаните Роми и нероми беа недолични но и помалку битни бидејки самите напишале, самите прочитале, последиците се невидливи.
Голем и лош впечаток ни оставија коментарите на Вашиот советник ВЕНКО КРСТЕВСКИ кој јасно и недвосмислено користеше, како говор од омраза така и повикуваше на меѓуетничко нетрпение кое нешто ги распалуваше и двете вклучени страни. Во еден момент директно му се закани на лицето Мустафа Саидов вработен во Општина Кочани со кој си закажа приватна физичка пресметка.
Последните изјави му се со Наслов ,,Око за око заб за заб,, преку кој наслов јасно укажува дека ќе им врати со иста мера на лицата кои само тој и жителите на Трајаново трло ги нарекуват крадци/криминалци.
Лицето ВЕНКО КРСТЕВСКИ советник во советот на општина Кочани, избран од граѓаните кои му дале доверба да ужива одредени благодети и приходи неразлимслувајки дека дел од гласачите за него и неговата политичка партија се токму и Ромите од ромската населба во Кочани.
Со ваквите изјави и коментари по социјалните мрежи, именованиот советник покажа националистични и пристрасен пристап бранејки ја едната страна а напаѓајки ја другата наместо да се потруди како интелектуалец и преставник на советот (кој исто така го гласал предлогот за изградба на типските куќи во населбата Трајаново трло) да ги смири страстите на двете страни тој постапи во својство на насилник пристапувајки проблемот да го реши со физичка пресметка.
Именованиот советник има обврска како народен избраник да работи во нивен интерес и да се бори за подобрување на квалитетот на нивното живеење, не е платен да предлага недемократски и против човечки мерки и предлози.
Именованиот советник ВЕНКО КРСТЕВСКИ со својот однос постапил спротивно на неговите надлежности и покажа висок степен на неодговорно и нехумано однесување, погазувајки ги нормите за разумно постапување сторил злоупотреба на позицијата Советник.
Затоа БАРАМЕ да биде повикан на одговорност и санкциониран според Законот, а воедно Бараме од него лично да си даде оставка од функцијата Советник.со што ќе биде отповикан од функцијата советник бидејки во неговото постапување има елементи на кривично дело“.
Партијата за демократски просперитет на Ромите
Претседател
Аксел Ахмедовски
Фото: Архива
Интернет-порталот „Гласно“ во продолжение го објавува фејсбук статусот на советникот Венко Крстевски.


