Пелтечење или народски кажано „Дткање“

Пелтечењето претставува нарушување на темпото или ритамот на говорот. Се манифестира со повторување на гласови, слогови и зборови, појава на неволеви движења на мускулаурата на лицето, вратот и делови од телото, се јавува прекин на почетокот или средината на зборот. Кај пелтечењето карактеристично е тоа што мислата е поспора од говорниот тек.

Пелтечењето може да биде физиолошко, примарно, секундарно и терциерно. Најчесто се јавува како резултат на траума, но овде може да ги наброиме и генетските предиспозиции, неправилно дишење, невромускулни фактори и многу други. Се јавува помеѓу третата и шестата година, а најчесто засегнати се машките деца. Кај овие деца се јавува логофобија т.е страв од говор.

Вежби за правилно дишење кои можат да се изведуваат и во домашни услови:

Дување на балони- играта со балони може да биде корисна за воспоставување на правилно дишање. Земаме воздух преку нос и бавно го испуштаме преку устата во балонот. Оваа игра е интересна за децата

Правење меурчиња со помош на сапун – ставаме сапун во сад и го полниме со вода. Детето со помош на цевче дува во водата о прави меурчиња (вдишување преку нос, а издишување преку уста).


Специјален едукатор и рехабилитатор
Лујза Митиќ

Сподели: