Пензионерите од Кочани на средба со градоначалникот Илијев

Членовите  на Здружението на пензионери  од Кочани денеска остварија работна средба со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

На средбата пензионерите имаа можност да дискутираат за нивните потреби како и продлабочување на соработката помеѓу здружението и Општина Кочани.

Отворање  на нови клубови по урбаните и месните заедници во Кочани како и можноста пензионирани доктор специјалисти  активно да се вклучат во подобрување на здравството на локален терен беа само дел од идеите кои беа изнесени на оваа средба.

Градоначалникот Илијев детално ги опиша условите, состојбите и резултатите од досегашното работење на Општина Кочани на финансиски план, реализираните проекти и капитални инвестиции.

– Основниот буџет во 2020 година е проектиран на досега рекордни 118 милиони денари. Веќе напролет ќе има нова градежна офанзива за подобрување на патната инфраструктура. Остануваме на зацртаниот правец за рамномерен локален развој, како во градот, така и во населените места. Старечкиот домод регионален карактер е на листата на приоритети, исто како што е и искористувањето на геотермалните води за бањски цели – насушна потреба на луѓето од третата доба – рече градоначалникот Илијев.

Заеднички беше заклучокот на претседателот на Здружението на кочанските пензионери Ѓорѓи Серафимов и на градоначалникот Илијев за меѓусебната поддршката во реализацијата на зацртаните цели коишто ги засега највозрасната категорија жители на Кочани.

Сподели: