Пензионер пријавил дека банкарски службеник „си присвоил“ 500 евра при исплата од сметка

Пензионер вчера во полиција пријавил дека шалтерски службеник во банка „си присвоил“ 500 евра при исплата на пензијата.

-На 22.07.2020 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(66) од Кочани, пријавил дека на 16.07.2020 околу 08.30 часот шалтерски работник во банка во Кочани искористувајки ја својата службена положба, ги пречекорил границите на своето овластување на  начин што при исплата на пензија повлекол 500 евра од девизна сметка на коминтент на банката, при што на С.С. му дал да потпише налог за исплата во износ од 500 евра без да му ја врачи повлечената сума.

Се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Штип.

Сподели: