Перо Георгиевски назначен за нов в.д директор на КЈП „Водовод“ – Кочани

Перо Георгиевски е нов в.д директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани откако денеска се изврши официјалното примопредавање на директорската функција од досегашниот директор Антонијо Паунов.

На примопредавањето присуствуваше градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов при што во просториите на Локалната самоуправа на Кочани беше потпишан директорскиот договор.

На првиот работен ден како директор, Георгевски заедно со градоначалникот Папазов направија увид во санацијата на водоводен дефект на ул. „Раде Кратовче“ каде што интервенираше Сектор за водовод и канализација.

– Во наредните денови в.д. директорот Георгиевски ќе изврши планирање на приоритетни активности од редовното работење на претпријатието, кон кои ќе се пристапи со динамично спроведување, истакнаа од „Водовод“.

Назначувањето на Георгиевски за нов в.д директор на „Водовод“ е трета среќа за кочанското комунално претпријатие откако за година ипол се сменија двајца директори.

И. Матеничарски

Сподели: