Со пет гола во мрежата ГФК„Осогово“ го заврши есенскиот дел од шампионатот на гостувањето кај „Победа“ од Прилеп.
Иако „Осогово“ поведе со голот на Дејан Стоименов во 31’ минута, домаќините за само 15 минути успеаа да направат целосен пресврт. Во рок од четири минути „Осогово“ прими три гола од кои во 41’ за изедначување стрелаше Благоја Наумовски, а до крајот на првиот дел два гола постигна Благоја Ѓешовски за резултат од 3-1.
Во второто полувреме во 61’ минута за резултат од 4-1 стрелаше Давид Јосевски за на крај во втората минута од судиското надополнување Христијан Митревски да постигне гол за конечен резултат од 5-1 за „Победа“ Прилеп.
По овој дебакал игачите на „Осогово“ заминуваат на пауза која ќе биде можност за консолидирање на своите редови за остатокот од натпреварувачката сезона. Со овој пораз „Осогово“ се наоѓа на претпоследната осма позиција во 2МФЛ.
„Беласица“ со победа од 4-2 над „Плачковица“ е есенски шампион во натпреварувањето со предност од три бода пред штипска „Брегалница“.
Втори дел од сезоната започнува на 22 февруари.