Петгодишно дете падна од потпорен ѕид висок три и пол метри

На  17.02.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека на улицата „Поп Арсов Блаже“ во Кочани, пет годишно дете, играјќи си на улицата  паднало од потпорен ѕид од висина од околу 3,5 метри, при што се здобило со тешки телесни повреди во пределот на главата и било пренесено во Клиничката болница во Штип.

За настанот запознаен е Јавен обвинител и од страна на увидна екипа на ОВР Кочани извршен е увид на местото на настанот.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: