Со празнична богослужба и Света архиерејска литургија во храмот „Св. Вмч Георгиј“ во Кочани на која чиноначалствуваше митрополитот брегалнички г-дин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Кочанско, започна одбележувањето празникот на градот – Петровден.
По литургијата свештениците и верниците се упатија на Петровденска литија со иконата на светите апостоли Петар и Павле во Градскиот парк, кај фонтатана каде се наоѓа мозаикот со ликовите на апостолите. Овде беше пресечен славскиот колач и беа упатени молитви до светите апостоли за здравје, берикет и среќа на верниците.
Утре, понеделник (12 јули) Петровден, ден посветен на Светите апостоли Петар и Павле, со почеток од 8 ч. во храмот „Св. Вмч Георгиј“ ќе биде отслужена Света Божествена архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот брегалнички г-дин Иларион со свештенослужители од Кочани.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов