Петровденски турнир – вечерва на распоредот првите четвртфинални двојки

На повеќенаменското спортско игралиште во гимназијата „Љупчо Сантов“ вечерва започнуваат првите четвртфинални средби од Петровденскиот турнир во мал фудбал 2022 година.

Со почеток од 19 ч. ќе се сретнат екипите на „Џинџер“ и „Виктори“, додека од 20 ч. се закажани дуелите на тимовите „Ауто Велт“ и  „Пјаца“.

Утре, 8 јули ќе се одиграат останатите полуфинални двојки и тоа од 19 ч. „ВЛТ“ – Грдовци  и „Еволушан“ и од 20 ч. „АНТ Градски“ – „Пролет“.

Победниците од дуелот „Џинџер“ и „Виктори“ во полуфиналето вкрстуваат со победниците од „АНТ Градски“ – „Пролет“, додека победниците од натпреварот „Ауто Велт“ и  „Пјаца“ вкрстуваат со победниците од натпреварот „ВЛТ“ – Грдовци  и „Еволушан“.

Полуфналињата се закажан за 11 јули, додека големото финале и дуелот за третто место на турнирот ќе се игра на 12 јули на Петровден.

На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат  14 екипи, распоредени во четири групи.

На турнирот ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.

Турнирот е во организација на  Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани). 

Сподели: