На повеќенаменското спортско игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ вечерва се одиграа закажаните дуели од групите А и Б на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2022.
На натпреварите се сретнаа екипите на „Џинџер“ – „Антура“ и „Виктори“ – „Масив Дизајн“.
Резултати:
„Џинџер“ 6-0 „Антура“
„Виктори“ 2-0 „Масив Дизајн“
Дуелите од Петровденскиот турнир во мал фудбал продолжуваат денес каде ќе се сретнат екипите на:
01.07.2022
19 ч. „Ауто Велт“ – ПЈЗ „Панов“
20 ч. „Македонија“ „ВЛТ“ Г – Грдовци
21 ч. „Адренико“ – „Пролет“
На годинашново издание на традиционалната спортска манифестација се натпреваруваат 14 екипи, распоредени во четири групи.
Турнирот е во организација на Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани).
И. Матеничарски