Пет улици во Оризари и Тркање добија асфалт

Со асфалтирањето на улиците во Оризари и Тркање, завршува изградбата на петте улици во руралниот дел од општина Кочани од Проектот за подобрување на општинските услуги.

–Овие два дена интензивно се работеше на завршницата на улиците „АСНОМ“и на двата крака на „Раде Кратовче“ во Оризари. Паралелно се работеше и во Тркање, така што веќе резултатот е видлив и на улиците „Борис Ефтимов“ и на третиот крак од „Маршал Тито“. Задоволни сме што жителите од овие две селадобија патна инфраструктура на која чекале со децении – соопшти градоначалникот Николчо Илијев.

Изведувачот на градежните работи, фирмата „Ленди груп“ ќе продолжи со работа на улиците во градот Кочани: „Кирил и Методиј“, „Скопска“, „560“, „Стефка Тасева“ (со „Скоевска“ и „555“), „Петар Синадинов“ и „Искра“ во Кочани. Кај дел од нив веќе се гради атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари.

Единаесетте улици во Кочани и во населените места Оризари и Тркање се реализираат со средства од Меѓународната банка за обнова и развој, прекукомпонентата Општински инвестиции.

Сподели: