Пешак загина на лице место во сообраќајка кај село Тркање

Утрово околу 7 часот и 50 минути на патот меѓу Штип и Кочани кај селото Тркање пешак го загуби својот живот откако во него удрило патничко возило од марката „опел астра“.

Возилото било управувано од 26 годишниот К.А. со кочански регистарски таблици и удрило во 56 годишниот пешак С.С. од селото Теранци во околината на Кочани. Пешакот починал на лице место, лекарите веднаш констатирале смрт.

Екипа на ОВР Кочани изврши увид на лице место. Од АМСМ информираа дека утрово сообраќајот се пренесочува по експресниот пат. Оттогаш, до сега сообраќајот е нормализиран на магистралниот пат Штип – Кочани.

Сподели: