На Западната тераса при Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани, вчеравечер беше отворена изложбата на дела на учениците од Училиштето за цртање и сликање при Националната установа.
Под работен наслов „Пејзажи“ на изложбата беа изложени 100-тина дела работени во различни техники и мотиви.
– Училиштето за цртање и сликање при Националната установа годинава слави јубилеј од 10 години постоење. Во рамки на чествувањето ова е прва изложба на дела, а во текот на годината ќе се реализираат уште неколку – истакна Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектур и дизајн.
Во Училиштето за цртање и сликање при ЦК „Бели Мугри “ членуваат 30 – тина млади уметници кои работат под менторство на уметничката Александра Димитрова.
И. Матеничарски