Пионерите на ГФК „Осогово“ победници на хуманитарниот турнир за помош на Славица Димитрова

Пионерите на ГФК „Осогово“ се победници на хуманитарниот турнир во  мал фудбал што во саботата се организираше во спортската сала во ОУ „Никола Карев“ за помош на сограѓанката Славица Димитрова која боледува од ретко генетско заболување на очите.

На турнирот настапиј четири екипи во пионерска конкренција, ГФК „Осогово“, „Слога 1934“ – Виница, ФК „Младост-Тошев“ –Оризари и ФК „Академија“ – Чешиново – Облешево.

Прво полуфинале ГФК „ОСОГОВО“ – Кочани – ФК „МЛАДОСТ-ТОШЕВ“ 8 : 2

Второ полуфинале ФК „СЛОГА 1934“ Виница –  ФК „АКАДЕМИЈА“ ЧЕШИНОВО Облешево 7 :1

Мало финале ФК „МЛАДОСТ-ТОШЕВ“ Оризари – ФК „АКАДЕМИЈА“ ЧЕШИНОВО Облешево 0 : 2

Финале ГФК „ОСОГОВО“ Кочани вс ФК „СЛОГА 1934“ Виница 0 : 0 (3:2 на пенали)

За најдобар голман на турнирот е прогласен Ивица Пауновски, најдобар играч Ненад Малинов и двајцата од „Осогово“, а најдобар стрелец Герман Илиев од „Слога 1934“

Собраните финансиски средства од продадените карти и донациите ќе бидат предадени на Димитрова за третман и медицинско лекување.

Турнирот го организираа ГФК „Осогово“ и КМФ „Уни Паб“.

Сподели: