Во чест на големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, пицерија „Филитеа“ подели 60 топли оброци и примероци од Светото писмо – Библија на загрозени семејства од Кочани.
Повод за хуманата иницијатива на пицерија „Филитеа“ е чествувањето на христијанскиот празник, со хумана цел за обезбедување на топли оброци на ранливи семејства од Кочани и НУЛА гладни за Божик!
Ова не е прв пат пицерија „Филитеа“ да се вклучи во хуманитарни активности. Претходно, повеќе од два месеци пицеријата обезбедуваше оброци за Ковид персоналот во болницата во Кочани и помош со храна на загрозени семејства од општината.
Сподели: