Викендов, десетмина планинари на Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ – Кочани учествуваа на 6-тиот традиционален планинарски марш за искачување на највисокиот врв на планината Јакупица, Солунска глава (2540 м.н.в).
Маршот започна од Планинарскиот дом „Чеплес“ во подножјето на планината Јакупица на кој учествуваа стотина планинари од планинарски клубови од Македонија и рекреативци.
Планинарите поминаа средно-тешка патека со вкупна должина од 20 километри за скоро 8 часа планинарење во двата правца.
Маршот беше во организација на ПСК „Чеплес“ со поддршка на ПД „Гемиџии 903“ од Велес.