Планинарите од ПСК „Осогово“ ја обележаа патека од Оризари до Пресека

Десетина планинари од планинарскиот спортски клуб „Осогово“ викендов ја обележаа планинската патека од населбата Оризари до манастирот „Св. Харалапие“ во селото Пресека, на Осоговските планини.

Патеката е во должина од 11 километри, а планинарите поставија педесетина метални патокази и информативни табли со ознаки, заради побезбедно движење на рекреатвците и планинарите.

Целта на акцијата е да се промовираат што поголем број на планинарски патеки и развој на планински туризам. Воедно со ова се промовираат и Осоговските планини, кои нудат одлична можност за развој на различни видови спортови.

Планинарите на ПСК „Осогово“ минатата година ја обележаа и патеката од селото Пантелеј до локалитетот Раткова Скала која важи за една од најатрактивните патеки за планинарите  на Осоговијата.

И.Матеничарски

Сподели: