Планинари од Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ – Кочани реализираа уште еден успешен марш за искачување на врвови на планините Баба и Галичица.
На 15 и 16 јули планинарите од ПСК „Осогово“ се искачија на највисокиот врв на планината Баба, „Пелистер“ 2601 метар надморска височина и на врвот на планината Галичица, „Магаро“ 2255 метри надморска височина, на планинарски маршеви долги повеќе од 40 км.
Претходниот викенд, во организација на ПСК „Осогово“ повеќе од 200 учесници по повод празникот на градот Петровден, учествуваа на 14.традиционален Петровденски марш, за искачување на врвот „Китка“ на Осоговските Планини
За следниот месец, планинарите од ПСК „Осогово“ планираат да го искачат и највисокиот врв на Балканот, „Мусала“ на Рила Планина во Р. Бугарија, висок 2925 метри, како и Илинденско искачување на највисокиот врв на планината Проклетие во Р. Албанија, „Маја Језерце“ 2694 м.н.в, еден од потешките врвови за искачување кој се наоѓа на карпест предел на планинскиот масивот Проклетие.