Планинари од Планинарско – спортскиот клуб „Осогово“ и рекретаивци викендов го искачија врвот Сива Кобила 1608 м.н.в на Осоговските Планини.
Маршот започна од селото Косевица, Македонска Каменица, по патека долга 6 км. во еден правец, по земјен пат кој планинарите го поминаа за два и пол часа.

Врвот Сива Кобила се наоѓа во областа на селото Косевица на Осоговските Планини од каде се гледаат повеќе градови во Р. Бугарија, планината Рила и Пирин, како и Калиманското езеро.

Маршот беше од лесен рекреативен карактер наменет за сите љубители на природата на кој учество зедоа над 30-тина планинари.
