Планинарски марш и велосипедизам на Плачковица

Денес во Чест на големиот претстоен празник и Ден на општина Зрновци „Свети Димитриј“, со подршка на Локалната самоуправа во организација на ново формираниот Клуб за планински спортови „Осоговски Орел“ беа реализирани два спортски настани:

планински марш од плоштад Св. Димитрија-Зрновци до м.в. Туртел -Плачковица и планински велосипедизам на релација плоштад „Св. Димитрија“ до м.в. Девичен вир Плачковица.

– Огромна благодарност до Претседателот Тошев Гоце и сите членови-учесници во денешните спортски настани, иницијативата за соработка и интузијазмот за градење спортски дух и дружење, пример кој служи за сите генерации ! Како Градоначалник, ветувам дека ќе продолжиме со подршка на вакви опшествено одговорни спортски здруженија, клубови и настани за доброто на сите генерации, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

На настанот учество зедоа Клубот за планинарски велосипедизам „Поскок“, Планинарско – спортскиот клуб „Осогово“ и Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“.

Сподели: