Планинарски марш на ПСК „Осогово“ за искачување на врвот „Сива Кобила“

Првиот ден од следниот месец (01.11.2020 година – недела) ПСК „Осогово“ организира планинарски марш со искачување на врвот „Сива Кобила“ (1.642 метри), врв кој се наоѓа на „Осоговските Планини“ , а е во областа на село Косевица (Македонска Каменица).

Маршот е од лесен карактер и е наменета за сите љубители на планинарењето.

Патеката има должина од 12 километри (во двете насоки) и планирано е истата да се помине за околу 2,5 часа во една насока.

Поаѓањето е од „Паркот на револуцијата“ во Кочани во 07:00 часот а превозот е со сопствени возила.

Сите заинтересирани подетални информации ќе можат да добијат од Тошо Антов (078-270-724)

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial