Победата е императив против „Кит-Го“ Пехчево

В сабота се играат натпреварите од 11-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со почеток од 13:00 ч. , ГФК „ Осогово“ ја пречекува екипата на „Кит-Го“ од Пехчево.

Натпреварот во Кочани е последен од низата три натпревари на домашен терен за „Осогово“, што максимално ќе треба да се искористи за победа и три важни бодови на салдото  на „жолто-сините“.

Во последните две  средби од првенството, „Осогово“ на домашен терен  разочарувачки ремизираше со тимовите на „Плачковица“ и „Кожуф“ Гевгелија, па затоа  утрешниот дуел ќе биде можност за поправен испит и победа без изговори.

По десет одиграни средби во ВМФЛ – Исток, „Осогово“ се наоѓа на шестата позиција, со само една победа, два порази и седум нерешени дуели.

На останатите средби ќе се сретнат:

Натпреварите се закажани со почеток од 13:00 ч.

Сподели: