Победа за „Осогово“ на гостувањето во Житоше

Се одиграа натпреварите од 12-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

ГФК „Осогово“ забележа победа на гостувањето во прилепско Житоше, против тимот на „Братство 07“ со резултат од 4-2.

Мицевски за гостите од Кочани и Идризи за домаќинот „Братство“ погодија во првиот дел за 1-1 на полувреме. „Осогово“ потоа со головите на Манов и два на  Симевски дојде до предност, а Каришиќ го постави конечниот резултат на крајот од 4-2 за „жотло-сините“.

Во следното коло „Осогово“ гостува на екипата на „Локомотива 2018“.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

Табела:

Сподели: