Според резултатите од интернет-апликацијата на Државната изборна комисија, во Кочани победник е кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Љупчо Папазов.
Според податоците за Љупчо Папазов гласале 8697 гласачи или 48,29 отсто додека за Николчо Илијев 8681 гласач или 48,20 отсто од избирачите, што претставува предност од 16 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Папазов. Според ДИК, на вториот круг од Локалните избори во Кочани вкупно гласале 18009 гласачи или 54,62 отсто од запишаните избирачи, а има и 631 неважечко ливче.
Веќе започнуваат да течат законските рокови за поднесување на приговори до Државната изборна комисија, по што ќе следи официјализирање на резултатите.