Екипата на РК „Младинец“ со победа од 22:21 наспроти екипата на „Астраион“ Струмица ги започна натпреварите во пионерската Југоисток лига по паузата од есенскиот дел на натпреварувањето.
Во неделата на гостински терен во Струмица ракометарите на „Младинец“’ одиграа солиден натпревар со постојано водство во текот на целиот меч. Со смирена игра во нападот и правилно искористени шанси тие покажаа квалитет во играта за позитивен резултат и победа . Исто така одличниот настап на голманот Зафировски придонесе за демотивација на противничките играчи. Воедно вреди да се спомене дека последниот победнички гол за екипата на РК„Младинец“ го постигна најмладиот член Стоиков.
Најдобар во екипата на РК „Младинец“’ беше Пецов со постигнати 8 погодоци.
Од „Младинец“ се заблагодарија на домашната екипа за одличниот пречек и фер судење.
Во следното коло ракометарите од Кочани на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Радовиш.
И.Матеничарски