Повик за избор на спортист на Кочани за 2024 година

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2024 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

најдобар спортист за 2024 година;најдобар млад надежен спортист ;најдобра спортска екипа;најдобар спортски тренер;најдобар спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.Рокот за пријавување е до 20 јануари 2025 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.Телефони за контакт: 033 274 001 / 072 275 610Општина КочаниОдделение за јавни дејности

Сподели: