Повик за онлајн работа и достава на продукти за време на полицискиот час

Јавен повик  за онлајн работа и достава на продукти од маркети, аптеки, достава на храна од ресторани и такси превоз на територијата на општините Кочани и Чешиново-Облешево

Следејќи ги одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата за воведување забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесување и ширење на заразата со коронавирусот, која е на сила од 8 април 2020 г, Општинскиот кризен штаб – Кочани ги информира граѓаните дека: согласно владините мерки за онлајн работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, како и такси превоз, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават за добивање дозвола за работа

Сподели: