Повик за онлајн работа и достава на продукти и лекови за општините Кочани и Чешиново-Облешево

market

Следејќи ги одлуките и мерките донесени од Владата  за воведување забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесување и ширење на заразата со коронавирусот, која е на сила од 17 април до 21 април2020 година, Општинскиот кризен штаб – Кочани ги информира граѓаните дека: согласно владините мерки за онлајн работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават за  за работа за време на полициски час.

Во прилог на овој јавен повик е пријавата што треба да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до среда, 15 април 2020 година до 24.00 часот.

Пополнетата пријава треба да се прати на е-адресата: info@kocani.gov.mk

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial