Повик за пријавување членови на Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет на Општина Кочани


Општина Кочани објави јавен повик за номинирање членови на Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање Локално собрание за млади на Општина Кочани.

Јавниот повик е упатен до младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои е потребно да поднесат пријава до Општина Кочани со која ќе номинират свои претставници, жители на општина Кочани што ќе учествуваат во процесот на конституирање на Локалното собрание за млади на Општина Кочани. Постапката е утврдена со Законот за младинско учество и младински политики.

Иницијативниот одбор се формира за одржување на конститутивното собрание за млади и неговата работа завршува со свикување на првото собрание.

Потребните документи, начинот, рокот и местото на поднесување се опишани во целосниот јавен повик, објавен на веб-страницата на Општина Кочани.

Јавниот повик трае седум работни дена од денот на објавувањето, односно крајниот рок за поднесување на пријавите е 5 март 2021 година до 15:30 часот.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial