Повик за учество на литературниот конкурс на тема „Новата година – нова надеж“ за учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Во пресрет на новогодишните празници, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани објавува литературен конкурс за краток расказ на тема Новата година – нова надеж.

Активот по македонски јазик и литература, со целосна поддршка од страна на директорот на училиштето, веќе традиционално распишува и спроведува литературен конкурс во овој период од годината со цел да ги стимулира младите средношколци да го манифестираат нивниот порив за пишување, а истовремено да се актуелизира жанрот расказ како битна хранлива состојка за читателските апетити.

Конкурсот е отворен од 14 до 27 декември 2020 г. Творбите, потпишани со име, презиме и паралелка на ученикот, се испраќаат по електронски пат на: santovkonkurs@gmail.com.

Па, апелираме до сите средношколци од ова училиште, кои умеат со раскажувањето, да се соочат со предизвикот на темата која самата по себе е доволно провокативна поради својата актуелност. За најдобрите училиштето обезбеди награди. Среќно!

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Сподели: