Повозрасен кочанчанец измамен за сума од 1500 евра – МВР апелира на претпазливост

На 06.09.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани пријавил дека околу 10.00 часот во Кочани бил измамен од едно лице за сума од 1.500 евра.

Според пријавеното, лицето му кажало дека направило сообраќајна незгода со друго лице – странец, кое не ги разбирало парите – евра и ако има да му даде да ги види.

Како што е пријавено, тој му дал часовник како гаранција, по што заминал и не се вратил, по што сфатил дека е измамен.

Се работи на расчистување на случајот.

Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични дезинформации од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонските броеви 112 и 192 или во најблиската полициска станица.

Сподели: