Поголеми можности за волонтирање на младите од Кочани во Европа

Преставници на невладината организација ЈУАНЈТЕД ЈУТ КОЧАНИ на 29.01.2021 беа во посета на НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕУ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ.

Во текот на овој ден, преставниците ја добија Ознаката за квалитет за програмата Европски солидареан корпус со регистрациски број 2020-1-мк01-ECS52-094429.

Според оваа ознака на ЈУНАЈТЕД ЈУТ како организација – домаќин и организација координатор/поддржувач им се одобрува примање на 2 (двајца) краткорочни волонтери со времетрање до 2 месеца и 2 (двајца) долгорочни волонтери со времетрање од 2 месеца до 12 месеци во истиот период.

ЈУНАЈТЕД ЈУТ како организација ќе овозможи поголеми можности за младинци од 18-30 годишна возраст да волонтираат во ЕУ држави и да ги подобрат своите знаења, компетенции, однесувања и вештини.

ЈУАНЈТЕД ЈУТ КОЧАНИ

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial