Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ Кочани поканува на изложба на цртежи „Подари цртеж во замена за цвеќе“.
Изложбата е закажана за 8 – ми Март, во Фоаје 1 на „Бели Мугри “ со почеток од 12 ч.
Изложбата се организира по повод Меѓународниот ден на жената од страна на учениците од Училиштето за цртање и сликање кои ќе изложат свои дела, а под менторство на М-р Александра Димитрова.
