Центарот за јазици My school team организира подготвителна програма за најмалите ученици – идните првачиња.
Програмата им овозможува на децата да стекнат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби за графомоторика, вежби за развој на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието.

Вежбите се приспособени на возраста на децата и нивните способности, поддршка при процесот на почетно учење, важноста на правење грешки и храброст за изразување на нивната креативност. Програмата вклучува и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот.
За успешни и силни ученици!
Почеток на програмата 14.08.2023, со времетраење од 12 часа.
Повеќе информации во просториите на училиштето или на телефон 078 838 232 – Емилија.
