Поддршка за жртвите на семејно и родово базирано насилство

Поддршка за жртвите на семејно и родово базирано насилство 072 243 782 е телефонски број за поддршка на жртвите на семејно односно родовобазирано насилство за жителите од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Можноста за помош и заштита на жртвите на семејно насилство ја воведе Министерството за труди социјална политика, во координација со Центарот за жени жртви на семејнонасилство и јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Кочани и со другите институции на локално ниво.

Според насоките на надлежните, жртвите на семејно насилство за да добијат помош,поддршка и заштита најпрвин треба да се јават на бесплатната мобилна СОС-линија,која обезбедува точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите,достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано и семејнонасилство.

Во случаи кога постои загрозување на животот и здравјето на граѓаните,како последица на семејно насилство, тоа треба да се пријави во најблиската Полициска станица или во надлежниот Центар за социјална работа, независно дали е полициски час.

На последната седница на Општинскиот кризен штаб поддршка за жртвите на семејно насилство беше иницирана и од општинските служби за еднакви можности на жените и мажите, кои ги лоцираа зголемените ризици за жртвите на семејно насилство во условина подолга изолација.

Во периодот на спроведување на мерките и активностите за превенција од ширење наболеста КОВИД-19, на теренот во Кочани работат мобилните тимови за поддршка настари, изнемоштени и хендикепирани лица.

Мобилниот сервис за домашна посетаучествува и во снабдување на пациентите со инсулинска терапија, услуга која сепокажа како многу важна за граѓаните кои имаат проблеми при набавка на оваа терапија

Сподели: