Со цел да бидат на располагање на старите, изнемоштените и на лицата со хендикеп во состојба на епидемија на КОВИД-19, во Кочани продолжува ангажманот на осумте лица од Програмата за општинско корисна работа.
Ангажираните од проектот ќе ги доставуваат потребните работи до домот на ранливите категории граѓани: храна, лекови, ќе плаќаат сметки. Тие ќе вршат достава на потребните работи и на лицата кои претходно ги опслужувале, а ќе одговараат и на повиците од лицата што ќе се јават за помош, на јавните објави од страна на Кризниот штаб при Општина Кочани. Исто така ќе бидатво постојана координација со општинските служби за социјална заштита, Мобилниот сервис при Општина Кочани и на Општинската организација на Црвен крст на Кочани.
Лицата што ќе ги извршуваат овие услуги веќе имаат соодветно искуство, бидејќитие и претходно помагаа на стари, изнемоштени и на лица со хендикеп во домот и надвор од него, со проектите „Добра волја“ и „Услуги“, кои Општина Кочани ги реализираше во во февруари и март 2020 година.
За да се заштитат во време на епидемија,ангажираните лица добија соодветна заштитна опрема: маски, ракавици, визири, средства за дезинфекција, обезбедени од страна на УНДП, а им беше презентирана и обука за заштита при работа.