Поделени училишни пакети за ученици чии семејства се корисници на социјална помош

Во согласност со Програмата за социјална, детска и здравствена заштита и Програмата за поддршка во образованието, Општина Кочани обезбеди 164 училишни пакети за учениците од 1 до 9 одделение чии родители се приматели на социјална помош.

Обезбедените училишни пакети се составени од училишен прибор и ранци.

Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги подели училишните пакети на учениците во ОУ „Никола Карев“.

Сподели: