Под мотото „Подобра иднина за секое дете“ ЈОУБ „Искра“ – подрачна библиотека Оризари на централен настан во Кочани го одбележа 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето.
Годинашново чествување на Меѓународниот ден на детете беше насочен кон запознавање на децата со нивните права и начини за заштита и препознавање ризици кои постојат во околината и се закана за најмладите.
– Библиотеката се вклучува во одбележување на овој ден бидејки децата се нашите најдобри читатели и библиотеките се активно вклучени во развојната Агенда 2030 за благосостојба и добро образование за децата. Во програма вклучени се ученици од ОУ ,,Крсте Петков Мисирков“-Оризари и од ОУ ,,Синиша Стоилов,“-Зрновци. Стручно излагање имаа психолог Александра Соколова, врсничкиот едукатор од Црвен крст – Кочани, Иле Матеничарски и врснички едукатори од СОУ,,Љупчо Сантов,“ Ивона Тодорова и Никола Малешевски под менторство на професор Александар Михајлов – истакна Румена Тодорова, Виш библиотекар во „Искра“.
На настанот преку презентација младите беа запознаени со нивните основни детски права, како и ризици и начини за заштита од сајбер насилство и препознавање на лажни вести и информации на интеренет.
Настанот се реализираше во рамки на годишната програма за работа на библиотеката „Искра“.