„Подобри го својот клуб“ – џудо семинар за тренери во Скопје

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија викендов во Скопје се одржа семинар под мотото „Подобри го својот клуб“.

На семинарот меѓу големиот број тренери – претставници од џудо клубовите во Македонија, Џудо Клубот „Гладијатор“ партиципираше со двајца свои претставника кои по неговото завршување се стекнаа со дипломата „Тренер од меѓународен карактер“.

„На 29 – 30 јануари 2022 год. во  техничка организација на ЏФРСМ се оджа семинар со врвни експерти од Европската џудо федерација, носители на 7 ДАН Фредерик Демонтфакон и Џен Бриџ носител на 8 ДАН која е и воедно подпретседател на ЕЏУ. Мотото на семинарот беше „Подобри го својот клуб“ .На семинарот покрај останатите од ЏК „Гладијатор“ – Кочани учествуваа 2 учесници кои истовремено се стекнаа со сертификати од меѓународен карактер за тренери. „Гладијатор“ тука не застанува одиме понатаму со своите активности“, соопштија од ЏК „Гладијатор“ – Кочани.

Сподели: