Подобрување на вештините на слепите и слабовидни лица во Кочани и нивно интегрирање во процесот на рециклирање отпад

Здружението на слепи лица – Кочани во партнерство со Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани го имплементира проектот за подобрување на вештините на слепите и слабовидни лица во Кочани и нивно интегрирање во процесот на рециклирање на отпад, кој се реализираше од Септември, 2022 год. до Август 2023 год. Оваа активност се реализира во рамките на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).Проектот е кофинансиран од општина Кочани.

Идејата на овој проект беше зголемување на вештините со цел зголемена вработливост на лицата со попреченост, конкретно на слепите и слабовидни лица, преку подобрување на нивните работни вештините и нивно интегрирање во процесот на рециклирање на отпад.

      „Ова е прв проект од ваков тип кој го спроведе „Здружението на слепи лица“ – Кочани и се надеваме дека ќе биде поттик за понатамошно работење. Во проектот беа вклучени 15 слепи и слабовидни лица од кои 8 мажи и 7 жени, на возраст од 20 до 50 години, кои се стекнаа со работни вештини и знаења – изработка на ракотворби од реупотреблив отпад. Исто така се стави и акцент на грижата на корисниците за чиста и здрава животна средина со што е можно помалку отпад, а со тоа  корисниците  се здобија со нови знаења за заштита на животната средина, но и нивен директен допринос за намалување на количината на отпад во општината.“, изјави  Тоше Илиев, член на Здружение на слепи лица.

       Во рамките на проектот се спроведе обука за градење на работни вештини за изработка на ракотворби од отпадни материјали – од страна на ангажирани лица за спроведување на работилниците, преку реализирање на 12 работилници, во кои корисниците земаа активно учество и се стекнаа со вештини и знаења за изработка на ракотворби од рециклиран  материјал. Изработените ракотворби беа изложени на Велигденскиот базар, со што се покажа нивната способност и дека можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот и да имаат  еднаков третман во општеството.

Исто така беа изработени и дистрибуирани и печатени материјали – флаери од информативен карактер, наменети за подигање на свеста на пошироката јавност за лицата со попреченост и потребата од нивна застапеност и рамноправност на пазарот на трудот. Печатените материјали беа дистрибуирани до институциите, компаниите и пошироката јавност во Кочани;

– Изработка на видео запис – краток документарен филм наменет за пошироката јавност во општината и пошироко во кои актери се слепи и слабовидни лица од Кочани. Филмот има за цел да пренесе порака до пошироката јавност, пред сѐ до сопствениците на компании и претставници на институциите за потребата од инклузија и интеграција на лицата со попреченост во општеството, со акцент на конкурентност на пазарот на трудот. Во видеото се презентирани стекнатите вештини односно изработените ракотворби .

   Спроведувајќи ги овие активности во изминатите неколку месеци се постигнаа очекуваните резултати од проектот:

– Градење на работни вештини кај слепите и слабовидните лица во Кочани за изработка на ракотворби од отпадни материјали;

– Подигнување на јавната свест на слепите и слабовидни лица за рециклирање на отпад и придобивките од рециклирање и

– Подигнување на свеста на јавноста за потребата од инклузија и интеграција на лицата со попреченост во општеството, со акцент на конкурентност на пазарот на трудот “,- изјави Славица Димитрова – член на Здружение на слепи лица – Кочани.

Контакт информации

Тоше Илиев – 077 492 393

Повеќе информации за Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLОаd2 може да најдете тука.

Сподели: