Подобрување на земјоделската патна инфраструктура во Кочанско

Поддршката во подобрувањето на земјоделската инфраструктура на подрачјето на општина Кочани ќе биде цел на единицата на локалната самоуправа и во наредната буџетска година.
За да ги слушне потребите на земјоделските производители и да размени мислења, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев одржа кратка средба со претставници на оризопроизводителите од Кочани.


– Наша цел е да помогнеме во надминувањето на проблемите при собирањето на сламата и користењето на добрите земјоделски практики. На тој начин се стремиме кон помало загадување на воздухот и зачувување на животната средина. За таа цел годинава наменивме средства за изградба на 12 км земјоделски патишта, јавната набавка е во тек, а во Буџетот на Општина Кочани планираме финансиски средства и за 2021 година – соопшти градоначалникот Илијев.


Земјоделците истакнаа дека иницираат изградба на мост на Кочанска Река во местото викано Пазарски Пат што ќе придонесе за користење алтернативни патишта и ќе овозможи растоварување на главните сообраќајници од земјоделската механизација.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial