Иницијативата „Зајакнување на капацитетите на младите рурални девојки и жени со ограничени економски можности за учество во политики на општина Кочани“ која ќе се реализира во рамки на „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) под слоганот:„Чекор кон најдоброто“ за прв пат во овој регион има за цел да ги мобилизира, но и мотивира младите девојки и жени од руралните региони од општината на активизам, на гласно говорење и променување на нивната маргинализирана состојба.
Општина Кочани има голем дел кој потпаѓа во рурална средина, каде најчесто населението се занимава со земјоделие. Токму руралните жени и девојки се носители на земјоделието, а со тоа и на економската стабилност на целиот овој регион. Нивната економска нестабилна состојба е причина тие да немаат високо образование, постојано да се вклучени во земјоделието без притоа да се активни носители на земјоделска фарма, а токму таа нивна врска со институции и институциите на државно ниво кои реално може да им помогнат да ја променат нивната состојба, ја прави невозможна. Жените и девојките кои се соочуаат со економска зависност и недостаток на образование, речиси и да не се запознаени со политичките процеси, нивно активносто учество во истите, може да им оствари подобрување на нивната поизиција во опшествтото, но и подобрување на состојбата на сите жени и девојки во нивната средина.
Ивана Максимова, претседателката на Форумот на жени при СДСМ во општина Кочани, е прва која ги препозна проблемите на девојките од руралните региони, токму преку својот секојдневен контакт со нив. При разговорите со руралните девојки и жени тие често ја истакнувале својата ограниченост во можностите да ги кажат своите проблеми пред локалните власти и токму така да се изборат за нивната подобра позиција во општеството. Со реализацијата на ваквиот начин на истражување и креирање на политики за претставување на локалните избори, општина Кочани ќе стане првата општина во Република Северна Македонија која го има слушнато гласот на дел од ранливата категорија, но и гласот на еден занемарен дел од жените и девојките, а токму тоа е најважно во креирањето на родово одговорни политики, и родово сензитивно опшество каде сите се развиваат подеднакво.
Токму затоа во пресрет на локалните избори, сметам дека треба да се истражат потребите на руалните жени и девојки, нивните предизвици и што би сакале како приоритет да влезе токму во агендата на политичката партија.
Креирањето на еден вид активизам за креирање на јавни политики кои се дел од агендите на политичките партии ќе ги зајакне капацитетите на руралните жени и девојки за здружување, лобирање, пишување и дефинирање на нивните проблеми. Со ова не би имале бенефит само руралните жени и девојки, туку и сите жени и девојки во општина Кочани, бидејќи имплементирањето на ваков начин на креирање решенија на „премолчени“ проблеми од ранливите категории граѓани во иднина носи бенефит за сите жители на една општина.
Преку реализирање на 3 (три) фокус групи во различни рурални средини на општина Кочани, ќе се дефинираат првичните проблеми со кои жените и девојките се соочуваат, како и дефинирање на приоритетите од нивна страна на идната локална власт. На овој начин девојките и жените ќе добијат појасна слика за тоа какви сѐ можности имаат и дека потребна е само поголема заинтересираност и информираност. Јакнењето на капацитетот на руралната жена и девојка е важен чекор кон нивната поголема независност и подигнување на квалитетот на нивниот живот.
Со клик ОВДЕ пополнете Прашалник за перспективите на жените во руралните средини во општина Кочани:„ЧЕКОР КОН НАЈДОБРОТО“.