По повод 23 Април, Меѓународниот ден на книгата и авторското право, Подрачната библиотека „Искра“ – Оризари на скромна свеченост ги додели признанијата на најдобрите читатели за 2020 година.
Принанието во категоријата за најдобар возрасен читател и припадна на Симона Стојменов , додека во категоријата најдобар детски читател признание доби Ана Каранфилова, ученичка во четврто одделение при ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари.
-Во чест на 23 април, Меѓународниот ден на книгата и авторското право, на скромна манифестација Подрачната библиотека „Искра“ ги прогласи најдобрите читатели за 2020 година. На најдобрите читатели Симона Стојменов во категоријата возрасни и Ана Каранфилова во категоријата деца, им доделивме признание и скромни подароци. Библиотеката „Искра“ ги избира најдобрите читатели според претходно утврдени критериуми, како што се бројот на прочитани книги и редовност при враќање на истите, истакна Румена Тодорова, библиотекар во подрачната библиотека „Искра“ во Оризари
Меѓународниот ден на книгата и автоското право, 23 Април, е прогласен далечната 1995 година од страна на УНЕСКО.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов