Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и викендов за поднесување барања за субвенции

За да им се излезе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и денеска и утре.

Рокот за аплицирање за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули.

– Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите подрачни единици ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите. Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), каде што е ставено упатството за аплицирање, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во подрачните единици.

На веб страницата на Министерството за земјоделство се објавени и телефонските броеви на раководителите на подрачните единици за земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Сподели: