Под мотото „ Сите сме црвени“ денес се одбележува 8 Мај-Светскиот ден на меѓународното движење на Црвен крст и Црвената полумесечина, во согласност со моменталните околности заради вонредната состојба во државата.
Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 мај, инициран во чест на раѓањето на основоположникот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Анри Динан, е денот кој потсетува на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи.
- „Нашите активности во овој период насочени кон одговор на пандемијата со КОВИД- 19 вклучува спроведување на редовни крводарителски акции, активности на Мобилниот тим од волонтери и вработени кои на дневна основа овозможува сервисна услуга за набавка на храна, хигиена и лекови претежно на стари и изнемоштени лица, на територијата на општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево како и дистрибуција на хуманитарна помош на ранливо целни групи преку добиена поддршка од наши партнери“ рече Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.
Воедно оваа година Националното друштво и Општинската организација на Црвен крст Кочани одбележуваат 75 години постоење.
-„Оваа година го одбележуваме нашиот јубилеј од 75 години постоењето на националното друштво на Црвен крст во нашата земја како и 75 години од постоењето на Општинската организација на Црвен крст Кочани која е формирана на 20 декември 1945 година. Во целиот овој период нашата работа ја исполнуваме со многу активностии и во се она што го работиме, поддршката која ја даваме на нашата локална заедница, ја користиме моќта на човечката хуманост“ додаде Коцева.
По повод значајниот јубилеј, секретарот на Црвен крст Кочани ја искористи приликата да им се заблагодари на сите волонтери, членови, граѓани кои биле вклучени во различни активности на Црвениот крст, кои со својата човечност и солидарност дале свој придонес во спречување и ублажување на човековото страдање.
И.Матеничарски
Фотографии од активности на Црвен крст Кочани: