Со рецитирање љубовна поезија на штипјанката Деана Петревска вечерва продолжува 57. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.
Во кафе-барот „Рокси“со почеток од 19:00ч љубителите на поезијата ќе имаат можност да уживаат во рециталот љубовни стихови на младата поетеса од Штип. Воедно, еколошкото здружение „Грин“ од Кочани во рамки на програмата ќе се претстават со ликовен перформанс за кревање на еко свеста, во кој ќе учествуваат Павел Николов, Мими Војновска, Давид Јосифов, Елена Кузманова со акустична придружбана на музичкиот дует J&N, Матеј Јосифов и Јован Стојанов.
За в сабота, 19 септември, Афористичката репрезентација на Македонија во кафе-бар „Рокси“ со почеток од 13:00ч ќе се претстави пред публиката во состав на афористичарите Јане Атанасов, Ружа Стојмилова, Ванчо Арсов од Кочани, како и гостите, струмичанецот Ацо Ѓорѓиев, Атанас Крлевски од Велес и Марјан Анѓеловски од Скопје.
На платото пред детското игралиште во Трговскио центар од 15:00ч е закажана претставата за деца на Валентин Георгиевски, Valentino’s jazz puppets – марионети.
Во вечерната програма на летната сцена при НУЦК „Бели мугри“ од 19:00ч свој настап ќе имаат квартетот „Тhe Quartet“, во пијано придружба на Билјана Петровска, флејтистката Марија Јакимовска, Димче Стипанчев на контрабас и Гоце Стевковски (Антоние Весковски) на удирачки инструменти.
Од 20:30ч на летната сцена на НУЦК„Бели мугри“ ќе се одигра и претставата „Дневникот на лудиот“ од Николај Василевич Гогољ, во режија на Ѓорги Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски.