По повод празникот на љубовта и виното, „Св.Трифун“ и „Св. Валентин“, членовите на Литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани реализираа традиционален настан, литературно читање посветено на виното и љубовта.


Настапија членови на кочанскиот литературен клуб, со дела посветени на љубовата и виното.
Исто така, во соработка со Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“, под менторсво на ликовниот уметник м-р. Александра Димитрова се реализираше поетско-ликовна работилница „Виното и љубовта, вечна инспирација“.


Учениците слушаа дел од преубавите песни посветени на виното и љубовта, чии автори се членови на ЛК „Копнеж“, во изведба на Лиле Стоименова и Ангела Василкова, ученички во СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани. Инспирирани од поетските творби, ладите уметници направија прекрасни ликовни творби насликани со вино, соопштија од библиотека „Искра“.
