Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани од утринава вршат дезинфекција на влезовите во објектите за колективно домувње. Ова е една од мерките која беше соопштена на прес конференцијата на градоначалникот Николчо Илијев, а со цел намалување и спречување на ризикот од ширење на коронавирусот. Исто така КЈП „Водовод“ секојдневно вршат редовна дезинфекција на улиците и на местата за одлагање на отпадот во градот.
Според последните информации во моментот во Кочани во изолација се наоѓаат 148 лица, а засега нема евидентирано инфициран случај со коронавирус во Општината.
И.Матеничарски