Пожарникарите ги дезинфицираа јавните површини во Кочани

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани утринава вршеа дезинфекција на јавните површини во градот.

Опфатени беа Трговскиот центар, Градскиот парк и другите парковски површини, детските игралишта, влезовите на зградите и пазарите.Дезинфекцијата се изврши во раните утрински часови кога фреквенцијата на луѓе е со намален интензитет.

Ова е една од мерките на Општинскиот криен штаб за превенција од ширење на болеста КОВИД 19.

И.Матеничарски

Сподели: