Пожарникарите – доброволци добија сопствен објект, се бараат донации за реновирање и работно оспособување на просториите

Доброволното противпожарно друштво – Кочани започна со опремување на сопствени простории кои ќе ги користат пожарникарите – доброволци за престој и работни средби.

Во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани од страна на локалната самоуправа е отстапен објект на користење на кој изминатиот период волонтерите со сопствени средства и донации интензивно работат на реновирање и негово работно оспособување.

Поради тоа што станува збор за непрофитно друштво, формирано како ентузијастичка идеа заснована на волонтерска основа, членовите на друштвото бараат спонзорства од заинтересирани граѓани и компании кои ќе донираат за оспособување на објектот и извршување на неговата основна функција.

-Објектот е руиниран, а ние како доброволци изминатиов период со сопствени средства и донации, со работна рака на нашите волонтери работиме на оспособување на објектот кој ќе биде наш втор дом. Поради оскудните финансиски средства со кои располагаме упатуваме апел до нашите сограѓани и пред се компании да ни донираат материјали или финансиски средства за да може да го довршиме објектот до крај и да го ставиме во функција и употреба. Нам ни е потрбен градежен материјал, но и прозорци, внатрешни врати и инвентар за објектот, рече Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Конкретно доброволците упатија апел за обезбедување на глет маст, лајсни, пвц прозорци и врати, внатрешни врати, инвентар за бања, маси, столици како и електрични и информатички апарати.

Заинтересираните субјекти кои сакаат да донираат може да ги контактираат доброволците на фејсбук-страницата на ДПД, на телефонскиот број 071/851-028 или со донација на трансакциска сметка 300050000186807.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: